Admen

ПЕТАР СТОЈЧЕВСКИ, КОПИРАЈТЕР: Сè уште се крева паника ако рекламата не звучи како Бранка Станковска

29 мар 2018

Некои од огласувачите во Македонија знаат да бидат конзервативни и се крева паника ако рекламата не звучи како Бранка Станковска, но, некои се похрабри, па се користи и разговорниот јазик, вели Петар Стојчевски, кој на нашата сцена на креативни комуникации веќе девет години работи како копирајтер / концептуалист.

Работа врз продукти за ТВ, радио, принт, мобилни апликации, веб-сајтови, настани, се дел од активностите на Стојчевски.

Неговата повеќегодишна работа ни беше поттик со Стојчевски да разговаравме за повеќе прашања поврзани со копирајтингот кај нас, како и за личните искуства што ги има во таа дејност. Од него побаравме да направи и споредба на македонската копирајтинг сцена, со таа што се практикува во соседството.

АТД: По дефиниција, „Копирајтингот“ е пишување текст во рекламни цели. Што е тоа што вие, врз основа на сопственото искуство, би го додале на ова дефинирање на вашата професија?

- Започнување муабет, дебата, интеракција. Малку поезија, малку проза. Детска игра и истражување, возрасна борба и докажување. Денес да знаеш сѐ за нешто, утре да не знаеш ништо, и пак од почеток.

АТД: Пред себе имате клиент кој од вас бара текст/слоган за нова рекламна кампања, за нов производ или услуга. Можете ли да го опишете процесот низ којшто поминувате додека го креирате тоа што се бара од вас? Кои се клучните работи на кои се фокусирате?

- Брифингот. Без разлика дали е од клиентот, акаунтот, креативниот или арт-директорот, тој ми е искрено најважниот „инпут“. Тогаш запишувам клучни зборови и асоцијации, потенцијални почетни точки од кои што може после да произлезе добар „инсајт“.

Потоа на ред е „бреинстормингот“, дали сам или со колеги, но без дополнително истражување и без ограничувања. Тоа е единствениот начин идеите да останат чисти и необремени од забелешки.

Дури потоа следи копањето и прекопувањето по дадените материјали и на интернет, заради фина обработка на идeите. На крај склопувам финален документ и ако има потреба да се дообјасни и илустрира идејата, монтирам видеа или фотографии.

АТД: Еурека моментот постои во секоја професија, а верувам дека тоа го има и во копирајтингот. Кога и каде сè се случува да ви дојде на ум токму фразата за којашто сте се мислеле со часови, а можеби и денови? Има ли начин како да се опише тој миг?

- Шeгувањето на страна, ама тоалетот е најдобриот пријател на мозокот. Тука е и автомобилот, но и трчањето, вежбањето и возењето велосипед вршат супер работа, доколку ги правите сами.

Просто дајте ѝ добро изолиран простор на мислата, и таа ќе си избие на површина. Само без напрегање, опуштено, мислите тотално на друга страна... и оп!

АТД: Секој пазар си има свој идентитет, правила и култура на комуницирање. Кој е белегот на македонскиот копирајтинг, колку и како овдешните слогани, фрази, рекламни текстови се разликуваат од тие во земјите од нашето соседство?

- Некои огласувачи во Македонија, за жал, сè уште знаат да бидат конзервативни. Праксата во домашната огласувачка индустрија покажува дека често на некои од огласувачите им се предлага поширок избор на концепти, од оние сигурните, до најекстремните, така што секој следен пат се оди чекор подалеку.

Во комшискиве земји, пак, можеби се игра малку похрабро, веројатно поради поголемата конкуренција. Доста често се користи разговорниот јазик, додека кај нас некако сè уште се крева паника ако рекламата не звучи како Бранка Станковска.

Но, генерално, мислам дека и по квалитет и со резултати ние во Македонија успешно можеме да „се носиме“ со копирајтингот во регионот.

АТД: Подолг период сте во оваа професија. Колку копирајтингот во земјава се разликува од тој што постоеше во времето кога вие почнувавте со оваа работа? Дали имаме напредок во креацијата, или работите стагнираат?

- Нема стагнирање во бизнис кој што е тесно поврзан со технологијата. Порано се пишуваа принт текстови, за весници и списанија, а сега сите тие речиси и да не постојат.

Трендот на минимализирање на пишаната комуникација дојде до тој степен, што младите веќе користат исто толку емоџија, колку што користат зборови. Концептот на сликовните писма повторно се враќа на голема врата

Социјалните медиуми како „Твитер“, платформите за четување како „Вибер“ и кратките текстови на веб-сајтовите и апликациите комплетно го изменија пристапот и начинот на комуникација. Потребата за директен, концизен, и пред сè краток израз го обликува светот околу нас.

Трендот на минимализирање на пишаната комуникација дојде до тој степен, што младите веќе користат исто толку емоџија, колку што користат зборови. Концептот на сликовните писма повторно се враќа на голема врата, и можеби веќе нашите деца повторно би користеле хиероглифи, кој знае.

АТД: Во дел од описите на професијата стои дека „копирајтерите“ се најскапо платени писатели. Кажано народски „Еден збор, еден алтан“. Како вие гледате на таквото оквалификување?

- Да не правиме заблуди на луѓето, но ние во Македонија сме далеку од тоа. Се разбира дека во светски рамки најдокажаните во секоја професија си ја валоризираат достоинствено својата експертиза, но во овие наши услови на пазарот нема потреба да се залетуваме.

АТД: Што би им посоветувале на оние што допрва сакаат да се испробаат во копирајтингот, по кој пат да фатат за да се надеваат на успех и солидни достигнувања?

- Има два-три начина:

Најдобар начин за вежбање на пишување, со можност за инстант фидбек, е „Твитер“. Ако имате солидни бројки позади вашиот профил, ете ви докажано дигитално портфолио

Пробајте се на „фриленсинг“ сајтовите како „Fiverr“ и „Upwork“, за низ проби и грешки сами да научите што се бара од клиентите и што поминува, а што не.

Или тропнете на вратите на поголемите рекламни агенции во Македонија и побарајте да стажирате таму, учејќи го занаетот директно од прва рака.

И бонус „shortcut“: Најдобар начин за вежбање на пишување, со можност за инстант фидбек, е „Твитер“. Ако имате солидни бројки позади вашиот профил, ете ви докажано дигитално портфолио.

АТД: За крај, што би издвоиле од вашето работење во копирајтингот? Кои ви се најдрагите проекти до сега?

- Сѐ во кое што ќе вложите труд е драго. Без оглед дали се тоа првите проекти, или, пак, најновите, во секој од нив е вложен труд што подразбирал и колективна работа.

Тоа е убавината на оваа професија, што секој труд се памети како посебна приказна во која бил вклучен еден цел тим од професионалци и соработници.

(Текст и фото: Тоше Огњанов/AdToDate.mk)




Слична содржина

Payday Loans Online 14 окт 2018 06:55

credit loans <a href%20"https:%20%20creditloansguaranteedapproval.com%20">bad credit loans<%20a> poor credit loans guaranteed approval <a href%20https:%20%20creditloansguaranteedapproval.com%20>bad credit loans direct lenders<%20a>

Payday Express 10 окт 2018 02:02

cash loan <a href%20"https:%20%20creditloansguaranteedapproval.com">credit loans guaranteed approval<%20a> bad credit loans direct lenders <a href%20https:%20%20creditloansguaranteedapproval.com>compare loan<%20a>

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме