Admen

ТРАЈКО ЏИКОВ, КОПИРАЈТЕР/КОНЦЕПТУАЛИСТ: Нереалните рокови тотално го полудуваат креативниот процес

05 апр 2018

Телекомуникации, автомобилска индустрија, финансиски институции, кампањи од општествен интерес, се дел од областите од кои доаѓаат домашните и странските клиенти за кои има работено Трајко Џиков, копирајтер и концептуалист.

Џиков повеќе од 10 години е во огласувачката сцена во Македонија. Почетоците му се во агенцијата „Индиго“ во 2005 година, за две години потоа да премине во агенцијата „Футура 2/2“ во која и денес е дел од тимот.

Повеќе од една декада работи на смислување стратегии за брендови, ТВ реклами, ТВ анимации, радио реклами, дигитални реклами. Пишува компаниски слогани, слогани за кампањи, сценарија за настани, говори, содржина за социјални медиуми. Неговиот глас го има и во голем број реклами што во изминатите години се појавија на нашиот медиумски простор.

Со Џиков разговаравме за копирајтингот, за односот со огласувачите, за можноста за креативен израз во ситуација кога „сè е измислено“ и постојано се брза. Mу дадовме и куса задача, да смисли блиц-слогани со кои би се повикало на порационално трошење на буџетските средства во државата.

АТД: Десетици илјади евра потрошиле нашите министерства за кафиња, води, ручеци, вечери. Каков слоган, од аспект на копирајтер, би смислилe кога би требало да се води кампања за порационално работење со парите на граѓаните?

- Какво „кршење на мразот“, алал!

***

Насока 1. Семејство

Министре, и дома имаш ручек!
Кампања за фер и транспарентно трошење на твоите буџетски средства

Насока 2. Жал да те фати за „Неухранетите“

„Нахрани министер“
Кампања за фер и транспарентно трошење на твоите буџетски средства

Насока 3. Освестување

„Ти частиш!“
Кампања за фер и транспарентно трошење на твоите буџетски средства.

***

Ова би ве чинело 200 евра, молам, во монети од 1 евро! Нето, се разбира.

АДТ: Колку во процесот на копирајтинг се копа од тоа што е актуелно во нашето општествено опкружување и култура, или сепак безбедно се оди на општи слогани и асоцијации кога се смислува нечија кампања?

- Инсајтот за приказната (не само за слогани) кој понатаму прераснува во кампања мора да биде нешто актуелно, да биде блиско до целната група и нејзините навики, и да цитира одредени трендовски социјални случувања и однесувања. Но, понекогаш во целиот тој напред-назад процес со клиентите се појавуваат пукнатини. Во смисол „да бидеме повеќе сигурни, отколку иновативни“.

Клиентите се посвесни дека треба да им се обратат на своите потрошувачи искрено, а не со некаква приказна и порака која е техничка, студена, лажна и во контекст кој се повторил веќе стотици пати

Сепак, мислам дека има исчекор и клиентите се посвесни дека треба да им се обратат на своите потрошувачи искрено, а не со некаква приказна и порака која е техничка, студена, лажна и во контекст кој се повторил веќе стотици пати. Тоа, плус борбата дека веќе сè е смислено.

АТД: Како одредувате и како сте сигурни дека одреден слоган/текст/фраза што ќе го смислите за нечија кампања е најдобриот можен избор? Што е репер за тоа – согласноста од клиентот или нешто друго?

- Сè што правам, мора првин мене да ми се допаѓа - тоа е првиот критериум и досега единствениот кој се покажал како вреден.

Да ви доловам... часот е два наутро. Седиш и тотално отсутно, без трошка интелект во очите гледаш во една точка, која е твојот спас во моментот. Во тие моменти сè што си мислел за себе како млад, креативен и динамичен мозок одеднаш добива лик на 82-годишен изнемоштен, отсутен старец. Таму некаде, помеѓу „па, можеш слободно да си одиш од адвертајзинг...“ и „прифати дека не те бива и ок си, шо...“ се појавува еден многу битен штраф - „хахаха, а што ако...“. Е тоа е.

Колку и да сакам да трае креативниот процес подолго, рокови има и тие се понекогаш тотално нереални. А, од друга страна пазарот се движи напред молскавично и бара брз одговор, понекогаш и кризен

Најчесто, идејата на која самиот сум се израдувал е најдобрата. Толку едноставно. Чувство во стомакот.

АТД: Се случило ли досега да помислите дека можеби друго решение било подобро, откако кампањата или рекламата веќе тргнале во јавност? Какво е чувството, мислата, заклучокот во таков случај?

- Колку и да сакам да трае креативниот процес подолго, рокови има и тие се понекогаш тотално нереални. А, од друга страна пазарот се движи напред молскавично и бара брз одговор, понекогаш и кризен.

Ти си во средина, за да мислиш на клиентот и да одговориш на рокот со најдобрата опција по повеќе параметри. Нејсе, секогаш може уште, секогаш може подобро и секогаш се појавувале и подобри начини како да биде нешто кажано, па дури и после две години.

Најтешко од сè ми паѓа неправдата. Во смисол, знаеш дека ми даваш тотално откачен рок, знаеш дека не може да излезе ништо толку креативно и вредно за да оди на фестивал за адвертајзинг – и пак имаш замерки за тоа што е смислено

АТД: Кој дел од работењето го сметате за најтежок? Дали е процесот додека работите на смислување на вистинските зборови, дали е убедувањето на клиентот дека тоа што сте го смислиле е најдобро за него или, пак, е работењето во куси рокови?

- Најтешко од сè ми паѓа неправдата. Во смисол, знаеш дека ми даваш тотално откачен рок, знаеш дека не може да излезе ништо толку креативно и вредно за да оди на фестивал за адвертајзинг – и пак имаш замерки за тоа што е смислено.

Клиентите досега успешно сум ги убедувал дека стоиме како тим 100% зад нашите идеи, дека тие се поинакви и дека само така ќе го имаат вистинскиот односно масивен ефект кој за брендот значи видливост, интересност и атрактивност.

АТД: На Фејсбук објавувате текстови под хаштаг „#СмрттаНаХуморот“, во кој преовладува остра сатира. Колку за таква сатира и остар говор има простор во нашиот огласувачки простор?

- Единственото нешто за коешто јас лично сметам дека треба да се користат социјалните медиуми и тој тип на „јавен простор“ е хумор. И ништо друго освен хумор. Зошто?

#СмрттаНаХуморот ми е начин/платформа како да промовирам смеа и да предизвикувам хумористични коментари кои, на крајот на денот мислам дека некому ќе направат реална разлика наспрема гневот што го истураат

Затоа што драги мои тригерирани, засегнати, гневни и евтиноќи од „новопечени јавни мислители“, никому не му е гајле што мислите!

Колку побрзо луѓето го прифатат ова, толку побрзо ќе стигнеме до просветлување и поголемо разбирање едни со други. Мене #СмрттаНаХуморот ми е начин/платформа како да промовирам смеа и да предизвикувам хумористични коментари кои, на крајот на денот мислам дека некому ќе направат реална разлика наспрема гневот што го истураат.

АТД: Повеќе од десет години си во адвертајзингот, си поминал низ различни проекти. Сепак, на крајот од овој разговор, можеш ли да издвоиш некои од делата што ги чувствуваш за подраги?

- Вака „на прва“, уживање е да се работи за пиварски бренд. Во мојот случај, кампањите за „Златен Даб“ и „Крали Марко“. Сите, од 2011 наваму.

Една од нив ми е особено драга, тоа е кампањата „Most Wanted“ на Златен Даб од 2014 година, интегрирана кампања со ТВ реклама на која сум особено горд, заедно со дигиталниот механизам којшто имаше огромен успех.

 

(Текст и фото: Тоше Огњанов/AdToDate.mk)




Слична содржина

Loans For Bad Credit 15 окт 2018 18:41

checking account advance <a href%20"https:%20%20creditloansguaranteedapproval.com%20">credit loans guaranteed approval<%20a> bad credit loans reviews <a href%20https:%20%20creditloansguaranteedapproval.com%20>loan application pdf<%20a>

Payday Loans 11 окт 2018 10:47

no credit loans <a href%20"https:%20%20creditloansguaranteedapproval.com">online loans no credit check<%20a> credit loans guaranteed approval <a href%20https:%20%20creditloansguaranteedapproval.com>loans com<%20a>

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме