Познатиот бренд Gillette го искористи својот слоган стар три децении во контекст на новото време. Фразата „The Best a Man Can Get“, што се појави во 1989 година, во новата кампања објавена деновиве е претворена во прашање.
Прашањето е инспирирано од новиот начин на размислување во општеството што се појави со движењето #MeToo, насочено против сексуалното вознемирување.
Во рамките на кампањата се истакнува дека тоа што некогаш било регуларна појава во општеството, каде жената е поставена во потчинета позиција, денес е променето и дека важат повисоки вредности.
Во таа насока, брендот сака да нагласи дека веќе нема место за лошо однесување и дека тоа што се бара од мажот всушност се чесност, морал, вредна работа и почитување на другите.
Веруваме во најдоброто во мажот. Со елиминирање на изговорите за лошо однесување и со поддршка на новите генерации да работат кон истакнување на своите најдобри одлики, ќе помогнеме во создавањето позитивна слика за општеството во иднина“, се вели во изјава од претседателот на P&G Global Grooming, Gary Coombe.
Зад новата кампања стои агенцијата „Grey“ од Њујорк.
(AdToDate.mk)