Digital

ЈОВАНОВСКА, ЛУКАШ, АЗИРИ: Домашни уметници дизајнираа уникатни лименки за „златен даб“ (видео)

04 јун 2018

Уметниците Ана Јовановска и Владимир Лукаш, како и дизајнерот Таби Азири креираа уникатни лименки за пивото „златен даб“. Лименките ќе бидат достапни во ограничен број, а на нив се отсликани креативните замисли на тројцата автори.

Креациите се во контекст на новата кампања на брендот „златен даб“ за отфрлање на предрасудите и за поттикнување на разноликоста во општеството.

На лименките, што се под ознаката „Limited Edition“ двајцата уметници и дизајнерот преку сопствениот стил на уметничко изразување, го сменија изгледот на препознатливите зелени лименки во кои се продава пивото на „Прилепска пиварница“.

Идејата е да се промовираат различни вредности во општеството и да се отфрлат бројни табуа.

Снимени се три видеа од процесот на креација на ограничената серија за „златен даб“, при што се претставени и трудовите на секој од авторите. Видеата на социјалните мрежи се споделуваат со хаштагот „#DabLimitedEdition.

Сите три видеа се достапани и на „Фејсбук“-страницата на „златен даб“.

(AdToDate.mk)

Gallery: ОГРАНИЧЕНА СЕРИЈА: Домашни уметници креираа нови дизајни за „златен даб“




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме