Digital

СО ЛАЖЕН ЦЕПЕЛИН ПРЕКУ РЕД: Како Столе Стоилов плаќа сметки (видео)

06 јун 2018

Со лажен цепелин, од страна, преку ред.. тоа е дел од стратегијата со која селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес го советува Столе Стоилов, еден од нашите најдобри ракометари, да се снајде во гужвите пред шалтерите за плаќање сметки.

Сепак, се работи само за добра шега  и фиктивна стратегија, што е смислена во нова реклама на ЕВН. Во рекламата се промовира услугата за дигитално плаќање сметки и преку мобилен телефон, а со цел да се заштеди време и да се избегнат гужви пред шалтерите.

Стоилов во кусото видео е прикажан како доцни на закажаниот термин за тренинг на репрезентацијата. Изговор за доцнењето му е тоа што плаќал сметки. За да не му се повтори доцнење, селекторот Гонзалес го советува да употреби „лажен цепелин“, термин по кој Стоилов стана препознатлив во јавноста, кога нашата репрезентација избори нерешен резултат против Германија.

Сепак, решението не е ниту во лажниот цепелин, ниту во каква било друга стратегија. Според пораката на рекламата, најдобро решение е сметките да се платат онлајн.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме