Digital

ОД ГЛАВА ДО ПЕТИЦИ ВО НУРКАЧКО ОДЕЛО: Што бараше Весна Петрушевска во Вардар (видео)

06 јун 2018

Забуна, но и голем интерес кај домашната јавност предизвика тизер-фотографијата од актерката Весна Петрушевска, а на која таа беше „фатена“ како излегува од водите на Вардар, облечена од глава до петици во нуркачко одело.

Многумина си поставија прашање што бара актерката повторно во Вардар, особено што пред само неколку месеци нејзиниот автомобил, што го паркирала на самиот кеј, заврши во реката.

Одговорот на прашањето пристигна после само еден ден од објавата на фотографијата. Актерката снимала реклама за ЕВН, а во видеото како мотив е искористен токму моментот кога нејзиното возило падна во Вардар.

Петрушевска е прикажана како излегува од Вардар, каде, наводно, влегла за да си ги земе заборавените сметки за струја. Ова шегување е на сметка на Петрушевска, особено откако на социјалните мрежи лани постојано се коментираше дека актерката своето возило го „паркирала“ во Вардар.

Во рекламното видео се промовира услугата за дигитално плаќање на сметките за струја, при што се нагласува дека корисниците можат тоа да го прават и преку сопствените мобилни уреди, наместо да одат на шалтер и да чекаат со часови.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме