Digital

ИНСТАНТ „СРЕЌА“ ОД НЕБОТО: Кога изметот на астронаутите наликува на ѕвезда што паѓа (видео)

07 јун 2018

Види, паѓа ѕвезда, замисли си желба. Тоа вообичаено се прави кога на небото ќе прелета светлечки објект што согорува. Но, сте си поставиле ли прашање што е тоа што прелетува, зашто ѕвезда сигурно не е.

Долгите светлечки траги се од метеори што откако ќе влезат во атмосферата на Земјата, почнуваат да согоруваат и додека да дојдат до површината на нашата планета се речиси целосно уништени.

Но, норвешката лотарија „Flax Instant“, укажа дека не сите објекти што прелетуваат на небото се ѕвезди, односно метеори.

Во густиот сообраќај од „среќни“ ѕвезди, можат да се најде и по некој пакет летечки и вакумиран „среќен“ измет од астронаутите што престојуваат во меѓународната вселенска станица.

Но, иако е измет, алуминиумскиот пакет согорува доволно брзо и доволно јасно на небото, така што може комотно да ја одигра улогата на среќна звезда. Затоа и мотото на рекламното видео за оваа норвешка лотарија е: Светот е полн со знаци на среќа.

Зад реализацијата на комичната реклама за норвешката лотарија, стои агенцијата TRY од Осло.

Flax Instant Lottery: Lucky Signs from Ads of the World on Vimeo.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме