Digital

ТЕНЗИЈА, ДРАМА, НАПНАТОСТ: Генијално видео на „Епл“ - што се случува кога ќе го заборавите пасвордот

10 јул 2018

Утрово отворивте онлајн-сметка во банка, креиравте нова лозинка и после само неколку часа повторно сте во ситуација да ја употребите. Но, колку и да изгледаше лозинката лесна утрово, сега никако не можете да се сетите на неа.

Тогаш почнува паника, препотување, страв, а во главата се вртат милиони мисли за тоа што може да се случи со вашите средства. Што доколку никогаш повеќе не можете да ја откриете лозинката со којашто сте се пријавиле на вашата нова банкарска сметка.

Таа тезнија е одлично прикажаната во новата реклама на „Епл“. Таа е за новата корисна опција што доаѓа со мобилниот телефон „ајфон икс“ (iPhone X). Телефонот на корисниците им нуди можност да се логираат на своите сметки без воопшто да ја впишуваат лозинката.

Сè што е доволно да се направи е корисникот да го сврти телефонот кон своето лице и да остави сензорите за 3Д скенирање на лицето да ја направат потребната анализа за утврдување на идентитетот. Штом уредот „увиди“ дека се наоѓа во рацете на својот сопственик, тогаш без никаква задршка го овозможува пристапот до сметките што се заштитени со лозинки.

Новата генијална филмувана реклама на „Епл“ е во режија на Ringan Ledwidge, кој стои зад повеќе успешни рекламни видеа.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме