Digital

ГИ НАДИТРИЈА ПОЛИЦАЈЦИТЕ: Шпанската ЛГБТ заедница го протна знамето „виножито“, забрането во Русија

10 јул 2018

Пред очите на полицајците во Москва шестмина припадници на ЛГБТ зедницата го „шетаа“ знамето со боите на виножитото, иако во Русија тоа обележје е забрането со закон. Акцијата е на шпанската ЛГБТ заедница, која смисли начин како среде Црвениот плоштад да протестира поради односот на руските власти кон лицата со истополова сексуална определба.

Федерацијата (FELGBT) која е најголема за заштита на правата на ЛГБТ лицата, ангажирала шестмина свои приврзаници, од различни земји. Секој од нив облекол маица со боја што ја презентира неговата нација, а воедно го креира и знамето со боите на виножитото.

Одржувањето на Светското фудбалско првенство се покажало како олеснителна околност за тивките демонстранти. Нивните маици одделно се сосема обични и се во боите на нивните национални фудбалски тимови. Но, кога ќе застанат еден до друг, активистите го формираат знамето „виножито“ што е симбол за ЛГБТ заедницата.

Во акцијата, наречена „The Hidden Flag“ учествувале две девојки и четири момчиња. Сите се од различни земји, што значи и маици со различни бои. Така, црвената маица ја носи девојка од Шпанија, портокаловата е за навивачот од Холандија, жолтата е на претставникот од Бразил, зелената е за навивачот од Мексико, сината ја носи девојка од Аргентина, а виолетовата е со навивачот од Колумбија.

Своето патување во Москва го документирале со фотографии, при што се позиционирале на Црвениот плоштад, во кафулиња, на улици, тротоари. Често биле и на локации каде стоеле пред самите очи на полицајците, кои, пак, не сфатиле дека пред себе имаат демонстранти кои, иако импровизирано, парадираат со боите на ЛГБТ заедницата.

Зад реализацијата на проектот стои и агенцијата LOLA MullenLowe. Заедничка на цел на агенцијата и на Шпанската заедница е да се крене гласот против, како што се тврди, дискриминаторскиот однос во Русија кон лицата од ЛГБТ заедницата.

Протестот е и против законот што руската влада го донесе во 2013 година, а со кој се забранува промоција и дистрибуција на материјали што поддржуваат нетрадиционални сексуални односи.

Повеќе фотографии, снимки и детали за проектот „The Hidden Flag“ се достапни на следниот линк.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме