Digital

ДАЛИ МОБИЛНИОТ ВЕ ШПИОНИРА: Експерти и разновидни теми најавени за Викенд медиа фестивалот во Ровињ

12 јул 2018

Дали можете да му верувате на вашиот мобилен телефон, како модерната комуникација се врати на своите корени, колку ПР-професионалците се клучни во политиката, како да развиете бизнис што ќе расте.

Тоа се само мал дел од темите и прашањата што ќе бидат отворени на годинешното издание на Викенд медиа фестивалот“, што од 20 до 23 септември ќе се одржи во Ровињ, Хрватска. Фестивалот годинава се одржува по 11. пат, , во старата фабрика за тутун.

Најавени се професионалци од комуникациската индустрија од целиот регион. На предавањата, панелите и работилниците ќе бидат опфатени тековни теми и трендови, како од политика и дигитализација, така до книжевност и авантуристички експедиции, проследени со дебати, излагања и панел-дискусии.

„На годинешното издание на 'Викенд медиа фестивалот' ќе бидат опфатени разновидни теми во рамки на предавањата и панелите, а воедно имаме и многу интересни фестивалски партнери, од Франција и Германија. Целиот простор од старата фабрика во Ровињ ќе биде во духот на урбаните Париз и Берлин, а сите посетители ќе може да уживаат во нивната култура, уметност и начин на живот“, истакнува Томо Рицов, директор на фестивалот.

На фестивалот, традиционално ќе се разговара за промените на пазарот на локално и глобално ниво.

„Од самиот почеток нашата цел беше да станеме место за креативност, информации за нови трендови и дискусии за теми релевантни за комуникациската индустрија. Мило ми е што денес колегите нè препознаваат како такви и едвај чекам да видам каде ќе не однесат овогодинешните дебати од 'Викенд медиа Фестивалот', вели Никола Врдољак, директор на фестивалската програма.

Едно од предавањата што се очекува да го предизвика интересот и на пошироката е публика е поврзано со „заштитата“ од паметните телефони. Што сè може да направи телефонот без наше знаење и дозвола, ќе открие Ален Делич, водечки консултант за Информациска сигурност, а во рамките на предавањето „Му верувате ли на својот телефон?“.

На панелот „Парите никогаш не спијат; Преструктуирање на медиумскиот пазар“, пак, ќе стане збор за промените во медиумската сцена во регионот. Свој простор ќе имаат и советници за комуникации на премиерите и претседателите од Регионот. Како дел од панелот „Западно крило - Како да се советува претседателот“, ќе дискутираат за важноста на улогата на ПР професионалците во кариерата на политичарите.

Како дел од „Викенд медиа фестивалот“ ќе се и одржи натпреварот „BalCannes“, а агенциите од целиот регион може да ги пријават за учество своите проекти најдоцна до 1. Септември, 2018 година.

На седмото издание на “BalCannes“ ќе се одберат 25-те најдобри комуникациски проекти од целиот регион. Најдобрите од нив ќе освојат специјални награди од жирито -  „BalCannes“ лавови, додека најдобрата агенција од регионот ќе добие специјална награда – учество во рамки на Меѓународниот фестивал за креативност “Cannes Lions 2019“.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме