Digital

ПИЈ ЧАЈ И ПРОДОЛЖИ ДА СОНУВАШ: Генијален подарок од хрватски „Франк“ за принцот Хари (видео)

12 јул 2018

Вирален хит стана подарокот што познатиот хрватски производител на чаеви, „Франк“, му го испратил на британскиот принц Хари. По повод синоќешниот дуел Хрватска - Англија, компанијата му испратила на принцот пакет чај од камилица, за смирување.

„Англија е позната по фудбалот и по пиењето чај. Нашите репрезентативци одамна покажаа дека Хрватска е голема сила на фудбалската карта на светот, а ние со нашиот чај се решивме на принцот Хари да му го олесниме гледањето на натпреварот, бидејќи со врвната игра на нашите, знаевме дека нема да му биде лесно“, се вели во писмото адресирано до принцот.

Видеото е снимено пред синоќешниот дуел, а на социјалните мрежи стана апсолутен хит откако Хрватска изненадувачки го совлада тимот на Англија.

Коментарите на видеото се дека чајот ќе му биде потребен на Хари за да се смири после потресот што им го приредил хрватскиот тим.

Особено полн погодок е пораката што стои врз пакетот. Тоа е „Keep calm and dream on“, што во превод значи „Остани спокоен и сонувај и понатаму“.

Од „Франк“ во писмото воедно се извинуваат што не му пратиле подарок за неодамнешната свадба, па чајот го испраќаат и во знак на извинување. Креативното видео и кампања се направени во соработка со агенцијата Bruketa&Žinić&Grey.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме