Local

ОХРАБРУВАЧКИ РЕЗУЛТАТИ: Македонија најдобра во односот кон купувачите, Словенија втора

05 јул 2018

На изненадувачки првото место се најде Македонија во регионално истражување за квалитетот на услуги, што беше изведено преку т.н. тајни купувачи. Истражувањето се одвивало во периодот од 15 мај, до 15 јуни, на подрачјето на Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија.

„Мистериозните“ купувачи влегле во повеќе од 800 различни објекти што нудат производи и услуги, како продавници, банки, автосалони, телекомуникациски претставништва, ресторани, туристички агенции, хотели...

Истражувањето го организирала хрватската агенција за тајни купувања „Хераклеа“ во соработка со агенции од регионот што се занимаваат со истата проблематика. Целта била да се увиди колкав е квалитетот на услуги и каков е одност кон корисниците/потрошувачите.

При скенирањето се оценувале неколку сегменти од работењето на персоналот во таргетираните објекти. Оценките се дадени за: поздравување на купувачите, утврдување на потребите/желбите на купувачите, познавање на производите, нудење дополнителен производ, како и заблагодарување за посетата.

Така, според годинешните резултати, Македонија остварила најдобар резулатат, односно 78,96 проценти. На второ место е Словенија со резултат од 75,60%, што во основа е пад за 3,43 процентни поени во однос на претходната година.

Србија, со резултат од 74,73% се најде на второто место, но воедно е подобра за 1,33 процентни поени во однос на ланските резултати. Хрватска го зазеде четвртото место, со резултат од 73,16% и пад од 0,46 процентни поени.

За разлика од првите четири екс-ју земји, Босна и Херцеговина и Црна Гора, покажале потпросечни резултати. Црна Гора освила 70,59 проценти, а БиХ е на дното со 56,89 проценти.

Македонија покажала водечки резултати во делот на „утврдување на потребите/желбите“ на купувачите, при што се освоени 83%, додека вкупниот просек во оваа категорија е 69,26 проценти.

Во категоријата што го оценува поздравувањето на купувачите, пак, Србија со резултат од 86,16% се нашла на првото место, додека на последното е БиХ, со освоени 57 процентни поени. Вкупниот, просечен, резултат, пак, што се однесува на сите земји од регионот во оваа категорија е 77,78%. Со оглед дека поздравот е првиот контакт со муштеријата, бројките укажуваат дека тоа е подрачје што треба континуирано да се развива.

Од аспект на дејностите, пак, најдобро се покажале автосалоните и тоа со резултат од 93,10 проценти на регионално ниво. Кај супермаркетите, пак, и натаму вкупните регионални резултати се поразителни. Бројката од 56,75% проценти укажува дека во таа дејност треба уште многу да се вложува за да се подобри впечатокот кај купувачите.

(AdToDate.mk/Извор: Heraklea.hr)

 




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме