Festivals

ВО ТРКА ПОВЕЌЕ ОД 1.000 ТРУДОВИ: Почнува „Голден драм“, во жирито и македонски професионалци

18 окт 2017

 

Повеќе од 1.000 креативни трудови од областа на маркетингот се пријавени во трка за наградите на еден од најголемите адвертајзинг-фестивали во регионот, „Голден драм“ што ќе биде отворен денеска во Љубљана, а ќе трае до 20 овој месец.

Се натпреваруваат креативци од 27 држави, а на говорничката сцена ќе настапат триесет врвни професионалци од областа на маркетингот кои ќе ги претстават своите видувања и искуства за новите текови на рекламирањето.

Во меѓународното жири за натпреварувачката програма, а кое ќе биде под водство на Бруно Бетали од Италија, ќе има и двајца наши професионалци. Тоа ќе бидат Душан Дракалски и Василије Ќорлука.

„'Голден драм' во текот на тридневните случувања ќе ја поттикнува креативноста и иновативноста, а со наградувањето на најдобрите ќе создаде шампиони во нашата, сè уште недоволно признаена дејност. Индустријата, пак, од просечност ќе ја насочи кон одличност. Многу нè радува тоа што учесниците на фестивалот, говорителите, како и членовите на жирито, заедно со нас ќе остават свој печат и ќе креираат нова приказна“, вели Мојца Бришчик, претседателка на фестивалот и извршна директорка на Словенечката маркетинг комора.

Во натпреварувачкиот дел на годинешното, 24. издание на „Голден драм“ пријавени се трудови од 26 различни агенциски мрежи, а за наградата „Голден драгон“ ќе се натпреваруваат 117 независни агенции.

Најмногу трудови се пријавени од Русија, која учествува со повеќе од 20 отсто од вкупниот број пријавени дела. На второ место по број на пријавени трудови е Турција, со 14,1 проценти од вкупниот број дела во натпреварувачкиот дел.

Во петок, на 20 октомври, ќе се знае кои од пријавените креативци ќе застанат на победничката сцена. Целокумната програма на фестивалот „Голден драм“ е достапна на следниот линк.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме