Festivals

МЕККЕН, ЊУ МОМЕНТ, ГРЕЈ ВО ТРКА ЗА НАГРАДИ: Агенции од регионот во финалето на „Голден драм“ (видео)

19 окт 2017

 

Од повеќе од 1.000 трудови што пристигнаа за учество во натпреварувачката програма на фестивалот за креативно огласување „Голден драм“, што вчера (среда, 18 октомври) беше отворен во Љубљана, во потесниот круг се влезени вкупно 188 пријави.

Победниците ќе се знаат утре (петок), кога меѓународното жири ќе ги даде своите гласови. Од јадранскиот регион во финалето се влезени 18 трудови. Најмногу финалисти имаат „Меккен“ - Белград и „Греј“ - Љубљана, кои во потесен круг влегоа со по пет свои пријавени дела. следат „Њу момент“ (New Moment New Ideas Company) со три труда, „Имаго Огилви“ со две дела и со по едно дело се „Bruketa&Žinić&Grey“, „Луна/TBWA“ и VBG.

„Исклучително сум задоволен со резултатите. Одушевен сум од разноликоста и од квалитетот на пријавените трудови коишто можат да им конкурираат и на најдобрите во светот. Добив добар увид во локалната сцена и сега многу подобро ги разбирам случувањата на овој пазар. Затоа и целокупното искуство со жирирањето го оценувам доста позитивно“, се вели во изјавата на Бруно Бертели, претседател на меѓународното жири, кој е главен креативен директор на „Publicis Worldwide“ во Италија.

Во жирито има професионалци и од Унгарија, Велика Британија, Австрија, Русија, Романија, Хрватска, Турција, Украина. Членови на комисијата што ги оценува пристигнатите трудови се и нашите професионалци во адвертајзинг индустријата, Душан Дракалски и Василије Ќорлука.

Фестивалот „Голден драм“ се одржува во Љубљана, а се натпреваруваат агенции и организации од целиот свет. Сепак, најзастапени се трудови од Русија, Бугарија, Турција и од јадранскиот регион.

Листата со финалисти и нивните трудови може да се погледне на следниот линк.

 

ВИДЕО: Серијал „Тетка“, дело на агенцијата „Меккен“ - Белград. Во финале.

 

 

 

 

ВИДЕО: „Приказни за добра ноќ“, дело на агенцијата „Греј“ - Љубљана. Во финалe.

 




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме