Festivals

ФЕСТИВАЛ ЗА МАЛИТЕ НАЦИИ: Повик до македонските маркетинг креативци да се пријават на „Балтикбест“

03 авг 2018

За маркетинг агенции, дизајнери, фотографи, медиумски куќи што доаѓаат од малите европски земји годинава е отворен фестивалот „Балтикбест“ (Balticbest), што ќе се одржи на 31 август во Талин, Естонија.

Фестивалот ги повикува професионалците од креативните комуникации, како и нивните клиенти и соработници од тој сектор, да се пријават за учество. Главниот услов е да доаѓаат од земја, чиј број на жители не е поголем од пет милиони.

Поканата се однесува за земји како Словенија, Хрватска, Исланд, Естонија, Кипар, Малта, Грузија, како и Македонија. Крајниот рок за пријавување е 17 август.

„Малите земји се соочуваат со слични предизвици: мали буџети, мали тимови во агенциите, промотивно-ориентирани маркетинг кампањи. Затоа веруваме дека е фер креативците и агенциите да се натпреваруваат со конкуренти од слични пазари, но силни во креативноста“, се вели во пораката од организаторите на фестивалот, од каде нагласуваат и дека „малите земји можат да продуцираат големи идеи“.

„Balticbest“ е еднодневен бутик-фестивал на креативноста, во чии рамки ќе се одржат конференција, можност за меѓусебни бизнис партнерства и поврзувања, како и церемонија за доделување награди. Фестивалот годинава првпат ги отвора своите балтички граници и се шири низ Европа, опфаќајќи ги малите земји.

Предвидени се награди во повеќе категории, при што за освојувачите на златната награда, како и на Гранд при наградата е обезбеден бесплатен пласман во натпреварувачката програма на фестивалите „Епика“ и Еуробест. За останатите наградени, пак, ќе биде обезбедено учество на три фестивали, по цена за еден.

Повеќе детали за фестивалот се достапни на официјалната интернет страница (www.balticbest.eu) Детали за конкурост и правилата за пријавување се достапни на овој линк (http://defol.io/balticbest/2018/rules).

Гала церемонијата за доделувањето на наградите ќе се одржи на 31 август, во рамките на Естонскиот филмски фестивал.

(AdToDate.mk)

 




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме