Festivals

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА И ЗА ЗАНАЕТЧИИ: Најавено седмото издание на конференцијата AllWeb

20 сеп 2018

Занаетчии, фриленсери, дуќанџии, претпријатија, фирми, корпорации, сите тие треба да поминат низ фаза на дигитална трансформација за да успеат на пазарот што го носи новиот, дигитализиран, еко-систем на комуникации.

Токму оваа трансформација ќе биде во фокусот на седмото издание на конференцијата за дигитални комуникации AllWeb што на 16. ноември ќе се одржи во Скопје.

Дигитална трансформација, како што се вели во најавата за Конференцијата, претставува процес на зголемена употреба на дигитални алатки и технологии со што се менува начинот на организација на компаниите и бизнисите.

Слични и пообемни објаснувања за овој вид трансформација се очекува да дадат дузината говорници што годинава ќе бидат дел од конференциската програма.

Дарко Булдиоски, програмскиот директор на AllWeb, најави дека ќе има различен тип на говорници, а со цел секој од публиката да може да најде свој интерес.

„За некои од посетителите, ова ќе биде ново и сосема поинакво искуство, за други ќе значи почеток на промена во работењето, за трети можеби и нови бизнис можности, но едно е сигурно- никој нема да остане рамнодушен“, вели Булдиоски.

Дел од говорниците годинава ќе бидат Мет Десмајер, директор на компанијата за стратешки комуникации „Wise Old Uncle“, Драган Варагиќ, консултант за дигитална трансформација и автор на книгата „Дигитален Пре-маркетинг“, како и Владимир Тошиќ, менаџер за дигитални комуникации во „The Coca-Cola Company“ за југоисточна Европа.

Тема на дискусија ќе бидат и социјалните медиуми, маркетингот и онлајн комуникацијата.

Влезниците се достапни преку официјалната веб страница на конференцијата: allweb.mk.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме