Festivals

АГЕНЦИИТЕ СТАНАА ДЕБЕЛИ И МРЗЛИВИ: Панел дискусија за креативната индустрија

23 сеп 2018

Креативната индустрија мора да договори со креативност на новите предизвици, беше еден од заклучоците истакнати на панел дискусијата „Goodbye Mr. Sorrell?!“ што се одржа во рамките на Викенд медиа фестивалот во Ровињ.

 

Дискусијата со имињата на учесниците, го привлече вниманието на публиката.

 

На панелот учествуваа Дамир Циглар, директор на „Imago“ - Загреб, Сашо Димитриевски, партнер и член на Управниот одбор на „Pristop skupina“ од Словенија, Владимир Димовски, извршниот директор на „McCann“ за јадранскиот регион и Јован Стојановиќ, извршен директор на „Direct Media“.

Панелистите истакнаа дека маркетинг индустријата рапидно се менува, дека развојот на технологијата ги изместила медиумите и претходно-востоличените комуникациски канали, како и дека буџетите за адвертајзинг канали се распрснуваат.

Прашањата што се поставија и за коишто стана збор беа поврзани со начинот на кој агенциите би можеле да одговорат на новите предизвици.

- Агенциите станаа дебели и мрзливи - истакна Циглар во рамките на дискусијата.

Според панелистите, агенциите веќе во голема мера ја загубиле комуникацијата со клиентите.

Сепак, според директорот на „McCann - Adriatic“, Димовски, нема основа за стравување за иднината на маркетинг-агенциите.

Не се плашам за судбината на креативните агенции. Замислете ситуација, доаѓа 'Волво' со бриф дека им треба кампања за шлепери. Значи, не може полошо. Но, на еден од состаноците некое момче ќе рече, ајде да ставиме два шлепера да возат паралелно на автопат. Друг ќе рече, нека возат обрато. Трет, некој нека прави шпага меѓу нив, четврт - тоа нека биде Жан Клод Ван Дам. Ова не може секаде да се добие“, заклучи Димовски.

Викенд медиа фестивалот се одржа во Ровињ, Хрватска, а учествуваа панелисти од речиси сите позначајни агенции и медиуми од регионот.

(AdToDate.mk/Извор: Weekendmediafestival)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме