Festivals

ИДЕЈАТА Е ЗАЛУДНА БЕЗ ЕГЗЕКУЦИЈА: Македонски креативци и годинава во жирито на фестивалот „Кактус“

25 сеп 2018

Душан Дракалски, Илинка Црвенковска, Жарко Димитриоски ќе бидат дел од регионалното жири на фестивалот на интегрирани комуникации, „Кактус“ што ќе се одржи на 12 и 13 ноември во Белград.

Годинашното мото на фестивалот, на кој претежно со свои трудови се претставуваат агенции и организации од Србија, е „Идејата е залудна без егзекуција“.

Сепак, тоа што го прави интересен овој фестивал се предавачите и дискусиите што ќе бидат во фокусот на идеите и начинот на нивна реализација во контекст на новите трендови во креативните комуникации.

Фестивалот за отворен ќе го прогласи Marcelo Padoca, креативен директор на агенцијата „David&Goliath“ од Лос Анџелес, САД.

Првиот ден ќе биде исполнет со интерактивни предавања и сесии на стручни лица од европската индустрија на креативните комуникации.

Вториот ден, пак, ќе биде сочинет од тинк-тенк работилници и дебата на тема „програматско рекламирање“ што ќе го организира агенцијата „Direct Media“.

Годинашното издание на „Кактус“ ќе биде затворено со доделувањето на наградите во 25 категории. Конкурсот беше отворен до крајот на август, а право да се пријават имаа агенции, организации, компании со свои поединечни или интегрирани кампањи.

Повеќе детали за гостите и програмата на „Кактус 2018“ се достапни на официјалната фестивалска интернет страница.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме