Festivals

BRAND LICENSING EUROPE 2018: Светските брендови се собираат во Лондон (видео)

30 сеп 2018

Италијанскиот производител на моторцикли „Дукати“, англискиот фудбалски клуб „Арсенал“, телевизискиот канал „Дискавери“ се само дел од водечките светски брендови што ќе присуствуваат на годинешниот саем „Brand Licensing Europe“ што од 9 до 11 октомври ќе се одржи во Лондон.

Презентации, предавања, работилници се планирани во рамките на саемскиот настан што годинава се одржува јубилејно, по 20. пат.

Собирот ќе покаже кои од големите брендови ќе го владеат европскиот пазар во следната година и какви се нивните планови за привлекување на потрошувачите.

Според најавите на организаторите ќе бидат присутни стотици поголеми и помали брнедови, што веќе се дел од светскиот пазар. Ќе бидат застапени сите можни индустрии, како забава, спорт, компјутерски игри, видео-продукции, прехрамбена индустрија, авто-мото производители, издавачи, музеи, светски фестивали...

На собирот ќе се појават и повеќе од 250 сопственици на влијателни брендови, кои ќе зборуваат за плановите што ги имаат за идната година и за тоа што ќе им го понудат на потрошувачите.

Во агендата се вклучени и работилници, посветени на креирање успешни бренд-стратегии.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме