Creative

МУСКУЛЕСТИ ТЕЛА И ВОДА: Спортистки позираа за новиот календар на „Пелистерка“ (фото)

15 дек 2017

 

Мускулести и половично разголени македонски спортистки се наоѓаат на календарот на „Пелистерка“ за 2018 година, којшто денеска беше претставен во јавноста. Мотото на календарот е „Вода за најдобри“, а на него се прикажани фотографии од девојки што активно се занимаваат со различни спортски дисциплини.

Девојките се прикажани во долна облека и во костими за капење, во златни рамки, на бела позадина, заедно со реквизити што асоцираат на нивните спортски дисциплини, како и вода што ги плиска.

На календарот свое место најдоа Берна Шерифовска, џудистка, Наташа Андонова, фудбалерка, Едина Муса, кошаркарка и боди фитнес, Дрита Ислами, атлетичарка, Леана Таќи, триатлонка.

Исто така застапени се и Милјана Ристиќ, маратонка, Елена Чуркоска, кајакарка, Катерина Николовска, велосипедистка, Стефани Тодорова, кик боксерка, Ивана Јанкова,  одбојкарка, Марија Божиновска, фитнес билдерка и каратистката Нина Ѓорѓевиќ.

„Под мотото 'Вода за најдобри' нашата компанија годинава покажува дека и жените спортисти заслужуваат подеднаков третман и внимание“, велат од компанијата.

За 2017 година на календарот на „Пелистерка“ беше балканска музичка ѕвезда, Северина.




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме