Creative

ПРЕКУ НОЌ СТАНА СВЕТСКИ ХИТ: Над 18 милиони прегледи на новиот анимиран филм за Лионел Меси (видео)

18 јун 2018

Детството, првите чекори во фудбалот, неверојатниот талент, подемите и падовите се прикажани во новиот анимиран филм за аргентинската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси што премиерно беше објавен пред десетина дена.

Анимираниот филм, насловен „Heart of a Lio“ е хит на социјалните мрежи, а до сега на „Јутјуб“ има над 18 милиони прегледи. Хаштагот под кој се споделува филмот е: #HeartOfALio.

Во четири минути е прикажан животот на Меси, при што главното мото и порака што се испраќа е дека е неопходно да се биде упорен за сопствениот сон и покрај сите неуспеси и пречки што се појавуваат во животот.

Анимираниот филм е направен по барање на компанијата „Gatorade“, којашто произведува енергетски пијалаци наменети за спортисти. Реализацијата на филмот била доверена на аргентинското студио за дигитални анимации, „Gizmo“, коешто работи веќе 14 години.

Врз реализацијата на анимациите работеле повеќе од 80 уметници и дизајнери од студиото. За автентично креирање на ликот на Меси биле користени видео и фото материјали од целиот негов живот. Од времето кога бил дете, па сè до неговата сегашна светска слава како фудбалер на Барселона.

Тоа што е карактеристично за анимираниот филм, којшто е целосно дигитално креиран, е филмскиот и реалистичен пристап кон градењето на ликовите, сцените и објектите. Според коментарите во светските медиуми, анимираниот филм, иако е само четири минути, е одлично уметничко дело на креаторите од студиото „Гизмо“.

Во второто видео може да се погледне како се одвивал процесот на изработка на анимираниот филм посветен на Меси.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме