Campaigns

ЗА БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ: Форд промовира капа што спречува заспивање (видео)

09 дек 2018

Американскиот гигант за моторни возила, „Форд“ на пазарот се појави со нов производ - капа што ги спречува возачите да заспијат.

Се работи за производ што е промовиран на бразилскиот пазар, каде според статистиките најголем број од жртвите во сообраќајните несреќи се возачи на камиони.

Капата првпат е презентирана лани, а неодамна се сублимирани резултатите од кампањата. Анализата покажала дека новото парче „облека“ бргу станало хит меѓу возачите и им било од голема помош на патот.

Промоцијата на производот е поврзана и со одбележувањето на 60 години присуство на „Форд“ на бразилскиот пазар.

Капата во себе содржи електронски сензори што се активираат на одредени движења на главата. Штом возачот почне да заспива, односно да прави движења со главата што се карактеристични за заспивање зад воланот, се активираат алармни сигнали.

Звучно предупредување, сијалички и вибрации се трите сигнали што ги добива возачот во миг на заспивање.

Очекувањата се дека уредот, поради неговата популарност, ќе се развива и натаму.

Зад кампањата „Ford Safe Cap“ стојат агенциите WPP Group, J Walter Thompson и продукцијата PBA.

FORD | Safe Cap from J.Walter Thompson Brasil on Vimeo.

(AdToDate.mk)




Слична содржина

Оставете коментар

CAPTCHA code
Слична содржина
Напишавме