Creative

ПРЕВИРАЊА ПОРАДИ ЦРНА КАЧУЛКА: Критики кон „Најк“ за ширење расизам

21 авг 2018

Со лавина од критики за, наводно, ширење расизам се соочи компанијата „Најк“ во Велика Британија. Критиките дојдоа откако на нивната интернет страница се појавија рекламни фотографии за зимска качулка, што ја носи црномуресто момче.

Негодувањата се насочени кон тоа што компанијата избрала оваа качулка да ја носи манекен со црнечко потекло, што, според коментарите на социјалните мрежи, асоцира на криминални банди.

Според Пол Мекензи, британски влогер што јавно го критикува криминалот што се шири меѓу црнечката популација во Британија, рекламната фотографија на „Најк“ може да стане инспирација за бандите во британските градови.

- Сметате ли дека ова е исправно. Знаете дека тие млади луѓе на улицата обожаваат сè што ќе направат тие брендови, купуваат сè што им продаваат. Можеби сум стар и диносаурус, но оваа качулка изгледа заканувачки - вели влогерот.

Со сличен став се огласи и црнечкиот комичар Вајт Јарди, кој преку видео на „Твитер“ истакна дека таа качулка го поддржува насилството низ лондонските улици.

- Кажете ми дека ова е шега, бидејќи ова во мигов изгледа како да е насочено кон младите луѓе што се инволвирани во криминални банди, и со скорешните насилства што ги имавме во Лондон, ова е нешто што дефинитивно не сакаме да го гледаме - вели Јарди.

 

После искажаните критики се огласија и од „Најк“ од каде истакнуваат дека качулката е само дел од нивната зимска колекција и дека ја рекламираат со различни модели. Од компанијата отфрлаат секаква наводна намера за поддршка на црнечките криминални банди.

Сепак, набргу после реакциите, фотографиите со качулката биле тргнати од интернет страницата на „Најк“.

(AdToDate.mk)




Слична содржина
Слична содржина
Напишавме